Ракометниот „џин“ Даинис Криштопанс е еден од најголемите адути на тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, на завршниот Ф4 турнир во Келн. Тој е вистински „бомбардер“ од надворешните позиции, но исто така може многу добро да послужи и за совршено селфи на тимот, а да не се користи популарниот ’селфи стик’. Неговата рака е доволно долга за да ги фати Дибиров, Карачиќ, Милосављев и останатите вардарци во супер издание, со посебна „црвено-црна“ навивачка позадина.
Вардарци дефинитивно победија на селфи – натпреварот на Ф4 турнирот и се загреваа за вистинското натпреварување кое почнува утре. Тимот на Парондо во 18 часот во „Ланксес арена“ ќе има полуфинална пресметка со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА