На малерите им нема крај – Дел Потро се повлече од турнирот во Квинс

Најдобриот аргентински тенисер, Хуан Мартин дел Потро, поради повреда на коленото се повлече од турнирот во Квинс. Тој одлично го стартуваше турнирот во Лондон, совладувајќи го во првото коло младиот канадски тенисер Денис Шаповалов со максимални 2-0 (7-5 и 6-4).

Сепак, Аргентинецот не можеше да биде задоволен по завршувањето на мечот бидејќи доживеа повреда на коленото, а вчеравечер официјално беше објавено дека популарниот Делпо нема да може да го продолжи турнирот во Квинс.

Аргентинецот е еден од најдобрите тенисери на денешницата, но поради честите повреди кои го следеа во текот на кариерата не успеа да го достигне врвот.

Се вчитува...