На Манџукиќ му „пукна филмот“, си оди од Јувентус

Марио Манџукиќ е свесен дека за него повеќе нема иднина во Јувентус и во најскоро време ќе си замине од редовите на италијанскиот првак, а негова следна дестинација речиси сигурно ќе биде Катар. Хрватот и покрај слабата минутажа во подготовките реши да остане, одбивајќи неколку понуди што пристигнаа пред крајот на преодниот рок.

„Супер Марио“ сакаше да му се докаже на новиот тренер Сари и да се избори за првотимски статус, но тој најпрвин беше избришан од списокот за ЛШ, а денеска воопшто не беше повикан во тимот за утрешниот дерби дуел со Фиорентина. Дефинитивно на Манџукиќ му „пукна филмот“, па побарал од својот агент да ги интензивира преговорите со заинтересираните клубови.

Најбогатата понуда летово тој ја имаше од Кина, но преодниот рок во оваа земја е завршен, а на Манџукиќ му се брза, па затоа се очекува негова следна дестинација да биде Катар. Два клуба од оваа земја веќе испратиле богати понуди, а се очекува Хрватот да избере една од нив и веќе во текот на овој месец да го официјализира заминувањето од Јувентус.

Се вчитува...