На Мане во Баерн му се случува токму она од кое сите стравуваа!

Садио Мане беше доведен како големо засилување на Баерн Минхен во јунскиот преоден рок за солидни 32 милиони евра.

И неговиот почеток во баварскиот тим беше како од соништата, но како сезоната одминува почнува играчки да бледи. На извонредниот Сенегалец почна да му се случува она од кое многумина стравуваа затоа што секогаш тешко се адаптира на нова средина.

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Баерн, Дитмар Хаман, ги објаснува токму причините за тешката адаптација на Мане.

„Некако слично беше и кога стигна во Ливерпул. Уште и тука не може да се интегрира. Игра во средината, како и во Ливерпул, но мислам дека тоа не е негова позиција. Најдобро игра кога се уфрла од крилата. Се гледа дека воопшто не е среќен, додека останатите негови соиграчи во тимот играат одлично. Ми се чини и како да е изолиран од остатокот на екипата и воопшто не учествува во играта. Баерн мора да се впушти во коштец со него, мора да му помогне“ – вели Хаман.

Мане во првите три меча за Баерн постигна три гола, но сега во серија од пет натпревари без погодок, а кризата беше продлабочена за време на мечот од Лигата на шампионите против Барселона. По мечот со каталонскиот тим се појавија и сомнежи во можноста на Мане вистински да му помогне на Баерн, па Нагелсман сега е приморан да бара нов начин како да го користи еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Се вчитува...