Според пишувањата на италијанските медиуми, Џанлуиџи Буфон ќе се врати во Јувентус, а во договорот клубот од Торино ќе биде обврзан легендарниот голман да биде стартер на најмалку десет натпревари во сезоната, што е доволно за да го сруши рекордот на легендата на Милан Паоло Малдини кој настапи на 674 натпревари во Серија А.
Поранешниот италијански репрезентативец ги договори сите детали околу договорот кој ќе биде вреден 1,5 милиони евра, а летото 2020. година ќе ја преземе улогата на тренер во младите категории или функција во клубот.
Gianluigi Buffon will reportedly sign a contract with #Juventus that stipulates he must make at least 10 appearances https://t.co/7VbCGLTwqw pic.twitter.com/fgNqfBkb4o
— footballitalia (@footballitalia) June 28, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА