На Мурињо му дојде преку глава: Погба веќе не е капитен, ќе следи и „шут-карта“

Жозе Мурињо дефинитивно го загуби трпението со Пол Погба, па по мечот со Вулверхемптон донесе одлука да му ја одземе капитенската лента на францускиот репрезентативец. Погба стана капитен со цел да се намали тензијата и да се убеди фудбалерот да остане и покрај сериозниот интерес на Барселона и на Јувентус, но во меѓувреме продолжи тивката војна што оваа фудбалска мегаѕвезда ја водеше со трофејниот стратег.

Чашата со незадоволство беше прелиена на мечот со Вулверхемптон, на кој Погба наивно ја загуби топката при израмнувачкиот гол на гостите, за потоа да се појави пред новинарите и да бара тимот да игра поофанзивно, индиректно префрлајќи ја вината врз Мурињо.

„Никој не е поголем од клубот, а Погба повеќе нема да биде капитен“ – соопштил Португалецот, одлука што била поддржана и од управата на Манчестер јунајтед.

Британските медиуми најавуваат и дека Французинот сигурно нема да биде стартер на следните неколку натпревари, а не се исклучува можноста да биде продаден веќе во јануарскиот преоден рок, доколку дополнително ја влоши атмосферата во соблекувалната.

Се вчитува...