На МЗТ Скопје му годи Сараево – преубедлива победа против Ловќен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот претставник во АБА2 лигата, МЗТ Скопје е на добар пат да избори место во плејофот на регионалното натпреварување откако избраниците на Ѓорѓи Кочов стигнаа до шестата победа со убедливиот триумф над Ловќен (55-96).

„Штрковите“ на денешниот меч прикажаа кошаркарска рапсодија во која шутираа со фантастични 62% зад линијата 6,75 (18/29), а притоа одиграа одлично и на спротивниот дел од теренот на кој го лимитираа најдобриот играч на црногорскиот состав, Трој Петерс на само пет поени, а притоа го заштитија рекетот, дозволувајќи само 24 поени под својот обрач.

 

Се вчитува...