На Нејмар не му пречат свирежите, упорно носи победи за ПСЖ со феноменални голови… (ВИДЕО)

На Бразилецот Нејмар очигледно не му пречат свирежите на навивачите на ПСЖ кои ги имаше и денеска на гостувањето против Монпелје, па со феноменална игра донесе пресврт победа од 1-3 за својот тим во 17. коло од Лига 1.

Домашните поведоа со автоголот на Паредес во 41. минута од средбата, но ПСЖ дојде до победата со три гола во вториот дел. Најпрво во 75. минута постигна феноменален гол директно од слободен удар, а по само една минути и му асистираше на Мбапе за пресврт од 1-2.

 

Во 81. минута Икарди ги постави конечните 1-3.

Се вчитува...