На Ница не и треба Балотели кога пак го има Ле Биан

Микаел Ле Биан е херојот на Ница на денешниот дуел со Монпелје, откако овој голгетер имаше неверојатен камбек на терените. Имено, Ле Биан отсуствуваше 18 месеци поради скршеница на ногата, за вечерва да се врати на најдобар можен начин во победата од 2-1 над Монпелје.

Ница имаше негатива од 0-1 по првото полувреме, но ситуацијата се промени со влегувњањето во игра на Микаел Ле Биан, кој за триесетина минути постигна два погодоци и целосно го срврте резултатот во полза на домаќинот.

На Ница дефинитивно не и треба Балотели, кој ја одлежуваше суспензијата поради третиот црвен картон сезонава, доколку Ле Биан продолжи со слични игри и во иднина.

.

Mickael Le Bihan second Goal HD – Nice 2 – 1… by worldfoot

Се вчитува...