На патот на „сараевската перфекција“ на МЗТ му стои Младост

Во последниот натпревар од АБА2 „балонот“ во Сараево, МЗТ Скопје силите ќе си ги одмери со Младост Земун од 16 часот во обид да се стигне до перфектни „три од три“ во главниот град на Босна и Херцеговина.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов на оваа средба влегуваат по убедливата победа над Ловќен во претходното коло, натпревар во кој „сино-белите“ за прв пат оваа сезона ги покажаа своите вистински можности. Кај аеродромци перфектно функционираше одбраната, а одличниот напаѓачки ритам беше отсликан со 18 погодени обиди за три поени.

За победа и против српскиот претставник, „штрковите“ повторно ќе мораат да бидат на врвот на својата задача во одбраната на рекетот, сегмент од играта кој е предноста на земунскиот состав оваа сезона. МЗТ Скопје моментално се наоѓа при врвот на табелата со скор од шест победи и три порази, а победата мора да биде императив за останување во чекор со тимовите кои ќе се борат за втората позиција на табелата и „домашен“ терен во разигрувањето.

Се вчитува...