На поранешен фудбалер на Марсеј му се заканува казна затвор од 16 години

Поранешниот фудбалер на Марсеј, Малага, Рајо Велекано… Серхио Контрерас – Коке е во центарот на судски процес во Шпанија кој може да му донесе казна затвор од 16 години, но и парична казна до 15 милиони евра.

Сега 39-годишникот е осомничен за продажба на дрога под сомнение дека и бил организатор на целата трговија. „Операцијата“ се одвивала низ неколку европски држави и станува збор да продажба на марихуана, а епилогот ќе биде познат по пресудата на судот во Малага.

Интересно, тоа не е прв пат популарниот Коке да се најде во центарот на судски процес кога станува збор за дрога откако претходно беше осуден на осум месеци затворска казна поради дилање.

 

Се вчитува...