На повидок и добра група: Македонија во вториот шешир на ждребот за СП 2023

Континуитетот од настапи на големите натпреварувања и носи на Македонија и добра позиција во пресрет на ждрепката за групната фаза од СП 2023, што ќе се одржи на 2 јули.

Македонија ќе биде дел од втората по квалитет група на селекции, па така за ривал нема да можеме да го добиеме едниот ко-домаќин Полска, како и селекциите на Хрватска, Црна Гора, Катар, Португалија, Бразил и Белгија.

Во однос на градовите, по две групи од првата фаза во Полска ќе се играат во Краков и во Катовице, додека во Шведска средбите од првата рунда ќе се играат во Гетеборг, Јончепинг, Кристијанштад и во Малме. Веќе се поделени и дел од селекциите, па така Шпанија ќе биде носител на групата А во Краков, Полска ќе биде дел од групата Б во Катовице, Шведска ќе биде домаќин на групата Ц во Гетеборг, Исланд ќе ги игра своите натпревари во Јончепинг (група Е), Германците во Катовице (Ф), Норвежаните во Краков (Ф), Хрватска ќе игра во Кристијанштад во рамките од групата Г додека Данците ќе се сретнат со ривалите во Малме.

ИХФ има право да распредели и две вајлд-карти за учестви на овој шампионат, фаворит за едната од нив е Словенија, но без разлика на рејтингот на селекциите кои ќе ги добијат, тие ќе се најдат во четвртиот шешир при ждрепката.

ШЕШИР 1: Данска, Шведска, Франција, Шпанија, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1.

ШЕШИР 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

ШЕШИР 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

ШЕШИР 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

Се вчитува...