На повидок нов рекорд во Премиер-лигата: Јунајтед и Челси во битка за Деклан Рајс!

Лондонски Челси и Манчестер јунајтед се во жестока битка за тоа кој да го купи англискиот репрезентативец Деклан Рајс.

Угледниот „Тајмс“ денеска објави дека летово ќе падне трансфер рекордот во Премиер-лигата и дека фудбалерот за врска ќе направи трансфер од 145 милиони евра.

Вест Хем и Рајс имаат соработка до 2024 година, а „чеканите“ одбиваат да го продадат, но ситуацијата сега се менува, зашто Рајс нема да потпише нова соработка, а две години пред истекот на договорот, во ек кога фудбалерот за врска го игра најдобриот фудбал е шанса до врв да се наполни касата.

Токму заради ова, Вест Хем веќе донел одлука да го продаде за 120 милиони фунти (145 милиони евра). Челси сака да го врати во своите редови од каде Рајс кој проникна во Академијата на „сините“ замина во лондонскиот ривал и поради најавите дека веројатно Жоргињо ќе си замине, додека Јунајтед бара далеку подобро решение од Фред и Скот Мектомини за клучниот дел во средниот ред.

Летоска Џек Грилиш од Астон Вила направи премиерлигашки рекорден трансфер во Манчестер сити за 117 милиони евра, а Ромелу Лукаку од Интер во Челси потпиша за 115 милиони евра.

Се вчитува...