На ПСЖ летово му фалеше само уште лев бек, тоа повеќе не е проблем…

ПСЖ беше најактивен од европските гиганти во овој преоден рок, доведувајќи нов голман (Донарума), десен бек (Хакими), централен дефанзивец (Серхио Рамос), играч за врска (Вајналдум) и напаѓач (Лео Меси). Позицијата лев бек остана како најпроблематична и единствена што не беше соодветно засилена, се до денеска, кога францукиот гигант реши да го освежи и овој дел од тимот.

Нуњо Мендеш до вечерва и официјално ќе стане нов член на ПСЖ, откако „светците“ влегоа во последна фаза од преговорите со Спортинг Лисабон. Овој 19-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во светот на својата позиција, ланската сезона беше стандарден во Спортинг, давајќи значаен придонес во освојувањето на шампионската титула.

Португалскиот првак инсистираше на отштета од 40 милиони евра што го „олади“ интересот на Манчестер Сити, но челниците на ПСЖ најдоа начин да ја намалат оваа сума. Имено, „светците“ како дел од трансферот ќе го испратат во Лисабон Пабло Сарабија, кој е предалеку од првиот тим по најновите трансфери на ПСЖ.

Се вчитува...