На ПСЖ не му требаат Меси и Нејмар, кога го има Андер Ерера (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до убедлив триумф над Клермонт од 4-0 во 5. коло во француската Лига 1. Иако без Лионел Меси и Нејмар „светците“ го имаа Андер Ерера кој во првото полувреме постигна два гола со кои домаќините поведоа со 2-0.

Во вториот дел победата само ја потврдија Мбапе и Гуеј.

 

 

Се вчитува...