Рафаел Надал по шест месечна пауза се врати на теренот и испиша историја откако славеше со 3-2 (2-6, 6-7, 6-4, 6-4 и 7-5) над Данил Медведев во финалето на Австралија Опен за 21. гренд-слем титула во кариерата.
Фантастичниот Шпанец имаше негатива од 0-2 по првите два сета, но одолеа на притисокот, ја најде слабата точка на Русинот и на крилја на публиката стигна до фантастична победа во меч кој траеше повеќе од пет часа.
Интересно, ова не е прв пат Рафаел Надал да се врати од негатива од два сета. Истото му помина „од рака“ и во 2007 година на Вимблдон кога го совлада рускиот тенисер Михаил Јужни. Тоа беше последен пат Надал да надмине ваква негатива, пред тоа да му успее денеска, цели 5324 дена подоцна и тоа против уште еден Русин, Данил Медведев.
The last time Nadal cameback from two sets down was 5 July 2007 against Mikhail Youzhny in Wimbledon.
He has to do it again 5324 days later to win the Australian Open final against Daniil Medvedev. And first step is done: 2-6, 6-7(5), 6-4. But will he go all the way?
— Gaspar Ribeiro Lança (@gasparlanca) January 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА