„На Роналдо му ја украдоа Златната топка поради Реал Мадрид“

Поради одлуката на луѓето во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, не ја доби „Златната топка“ минатата година, смета неговиот соиграч од Јувентус, Џорџо Кјелини. Португалскиот фудбалер летото 2018 го напушти „кралскиот клуб“, преминувајќи во Јувентус.

„Голема кражба се случи минатата година. Луѓето од Реал Мадрид одлучија дека таа не треба да му припадне на Кристијано. Многу е чудно, бидејќи тој тогаш ја освои Лигата на шампионите. Можеби таа можеше да замине и во рацете на Гризман, Погба или Мбапе кои го освоија Светското првенство. Навистина не требаше таа да му припадне на Модриќ“, изјави Кјелини. 

Роналдо во кариерата освои пет златни топки, една помалку од рекордерот Лионел Меси.

Се вчитува...