На Роналдо ова му се случува првпат во десет години!

Јувентус и покрај синоќешниот пораз на гостувањето кај швајцарскиот претставник Јанг Бојс, го освои првото место во својата група во Лигата на шампионите, со два бода повеќе од Манчестер јунајтед.

Италијанскиот тим запиша четири победи и два порази со гол разлика 9-4. Но, помалку необично е што во успехот на Јувентус само мал удел имаше годинашното капитално засилување, Кристијано Роналдо.

Португалецот за прв пат во последните десет години постигна само еден гол во групната фаза од најелитното фудбалско клупско натпреварување. Единствениот погодок Роналдо го запиша токму против својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

По фантастичните бројки што ги имаше во дресот на Реал Мадрид каде во 438 настапи постигна 450 голови и стана најдобар стрелец во историјата на мадридскиот клуб, сезонава Роналдо е во малку подруго издание на приспособување во новата средина.

Во својата прва сезона во дресот на Јувентус, Португалецот досега има вкупно 20 настапи, 11 гола и осум асистенции.

Се вчитува...