На Руни му пукна филмот – си поднесе оставка од Дерби

Вејн Руни денеска објави дека ја напушта клупата на Дерби каунти, еден месец откако клубот соочен со огромна финансиска криза испадна и од Чемпионшип-дивизијата.

Легендарниот голгетер пристигна на клупата на Дерби во ноември 2020 година, како негов прв тренерски ангажман во кариерата. Тој бележеше солидни резултати, но минатата сезона Дерби се соочи со огромни проблеми, добивајќи казна од „минус 21 бод“ поради неисплатените долгови кон фудбалерите и доверителите.

Ова придонесе клубот да испадне од Чемпионшип, Руни покажа лојалност во текот на сезоната, одбивајќи неколку понуди од Премиер-лигата, но денеска донесе конечна одлука да си замине од клубот.

„Од денеска повеќе не сум менаџер на Дерби Каунти. Одлуката е тешка и ја донесов по долго размислување, иако управата на Дерби направи се што можеше за да ме разубеди“, истакна Руни.

Се вчитува...