На Сабаленка и се случи Синер: Имаше сет и 5-3 и до крајот не освои гем

Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка во стилот на Јаник Синер го заврши својот настап на вториот гранд-слем турнир во сезоната Роланд Гарос.

Сабаленка во четвртфиналето беше поразена од Русинката, Диана Шнајдер со 2-1, по сетови 3-6, 7-5 и 6-0. Сензацијата да биде уште поголема покажува фактот што покрај водството од 1-0 во сетови, Белорусинката водеше со 4-1 и 5-3 во вториот сет.

Гемот освоен за 5-3 беше последен за Сабаленка на мечот. Шнајдер влезе во серија од 10 гема и на крајот славеше со 7-5 и 6-0.

Во полуфиналето Шнајдер ќе игра против најголемото изненадување на турнирот квалификантката Маја Хвалинска.

Се вчитува...