На селекторот на Бугарија му се допадна ждрепката – целта е прва позиција во групата

Македонија и Бугарија за прв пат во својата историја ќе одиграат официјален фудбалски натпревар откако денешната ждрепка во Лигата на Нации одлучи „црвено-жолтите“ да се најдат во групата 4 од „Ц-лигата“ заедно со источниот состав и селекциите на Грузија и Гибралтар.

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Јасен Петров по извлекувањето изјави дека е задоволен од ждрепка и неговата селкција ќе цели на првото место во групата.

„За мене, ждрепката е исклучително добра. Не треба да потцениме ниту еден од противниците, бидејќи не сме во таква позиција. Задоволни сме, нашата цел е да бидеме први во групата. Имаме почит за секој противник. Ќе играме четири натпревари едно по друго, што ќе биде предизвик за нас, но ние сме подготвени за се“, вели селекторот Петров.

Се вчитува...