На Слот не му требаат трофеи: Најголемата победа е кога играте убав фудбал

Ливерпул по освоената титула во Премиерлигата потроши 450 милиони евра на засилувања за уште посилен состав, но наместо да продолжат да ги радуваат своите фановите, „црвените“ ги разочараа со очајната сезона.

Ливерпул е далеку од одбрана на титулата па шанса за трофеј гледа само во Лигата на Шампионите и ФА Купот. Сепак трофеј не е во планот на Арни Слот, судејќи по неговата последна изјава.

„Како тренер можете да ја освоите Лигата на Шампиони, ФА Купот или Лига купот, но најголема попбеда е кога играте фудбал кој е убав за гледање.

Во овој момент навивачите може и не го делат во целост тоа мислење, но тоа е апсолутно нешто што јас го барам. Секогаш сакам да имаме посед на топка, да бидеме интернзивни и навивачите да уживаат во тоа што го гледаат“, изјави Слот кој додаде и дека ги разбира критиките на навивачите, но е се до трофите.

„Не им е задоволство на сите фанови кога ја гледаат нашата игра и тоа ми е најтешко. Дел од нив ги разбирам и се сложувам со нив. Трофеите се едно, но да бидеш тим, клуб или тренер кој се залага за добар фудбал, вреди двојно повеќе“.

Прашање е само уште колку Ливерпул ќе го толерира Слот ако не ги подобри резултатите (една победа на последните шест меча во Премиер-лигата), бидејќи убавината на играта може да биде субјективно гледана, но единствено мерило во фудбалот се резултатите и освоените трофеи.

Се вчитува...