На Собранието на ФФМ дојдоа Давор Шукер, претставници на УЕФА, ФИФА, МОК, ама и на Агенцијата за млади и спорт

Давор Шукер, член на Извршниот комитет на УЕФА, претставниците на УЕФА, Алекс Филипс, и на ФИФА, Хеиди Беха, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, но и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, се присутни на Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, што во овие моменти почнува во Охрид, во хотелот Инекс Горица.

На ова собрание се очекува да биде избран сегашниот в.д. претседател Муамед Сејдини за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

„Пренесувам големи поздрави од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Почитувани пријатели, делегати на Собранието на ФФМ, вие сте ДНК на македонскиот фудбал. УЕФА секогаш ќе ја помага својата база, а Фудбалската федерација на Македонија е наша значајна членка. Морам да напоменам, политиката не смее да се меша во спортот. Секогаш да бидете за предлози, но ако сакате да бидам конкретен, Статутот на ФФМ е сосема во согласност на УЕФА и на ФИФА. Ви посакувам многу здравје, среќа и успеси во фудбалската игра“, изјави Давор Шукер на отворањето на Собранието на ФФМ.

Се вчитува...