На свадбата кај Меси колку гости, толку новинари

Лионел Меси и неговата долгогодишна придружничка Антонела Ракузо со која има два сина, Тиаго и Матео, в петок во родниот Розарио во Аргентина ќе го кажат судбоносното „да“. Градот е веќе подготвен за венчавката на Меси, а свеченоста ќе се пренесува во живо на голем екран во центарот на градот.

На венчавката на фудбалерот на Барселона ќе има 260 гости и дури 150 новинари. Меси на свадбата ги покани само најблиските луѓе. А, меѓу поканетите гости го нема легендарниот Марадона, но нема да биде и ниеден тренер на Барселона, па ни последниот Луис Енрике. Оправдано отсутен на свеченоста ќе биде Иниеста кој очекува принова во семејството.

Но, затоа таму ќе биде Жерар Пике, иако неговата сопруга Шакира не е во најдобри односи со новата госпоѓа Меси. Покрај нив на свадбата ќе бидат и Луис Суарез, Иван Ракитиќ, Цеск Фабрегас…

Се вчитува...