Во Розарио, Аргентина, се е подготвено за свадбата на Лионел Меси.
Фудбалерот на Барселона и Антонела Рокузо денеска ќе се венчаат, а според најавите ги очекува спектакуларно венчавање со одбрани 260 гости и дури 150 новинари. Аргентинецот на свадбата се одлучи да ги повика само најблиските лица, дури и без поранешните негови тренери од Барселона.
Луис Суарез, Карлос Пујол и Сеск Фабрегас заедно допатуваат во Аргентина, а се очекува доаѓање и на останатите соиграчи на Меси, со исклучок на Андрес Иниеста кој очекува принова во своето семејство.
Свадбата на Меси во Розарио ќе се следи и преку видео бим, а интересно е дека на местото каде ќе се одржува свадбата ќе биде блокиран интернет пристапот, па сите присутни ќе мора да почекаат на објавата на ексклузивни фотографии на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА