На Тотенхем му тргна откако си замина Мурињо

Тотенхем успеа да ја прекине серијата слаби резултати триумфирајќи со 2-1 над Саутемптон, прв меч што „спарси“ го одиграа по врачениот отказ на Жозе Мурињо. Успехот на неговиот наследник Рајан Мејсон е уште поголем ако се знае дека Тотенхем на овој меч настапи без Хари Кејн, но и во отсуство на својот капитен и најдобар стрелец успеа да најде начин со пресврт во второто полувреме да стигне до победата.

Дени Ингс го донесе Саутемптон во водство, откако најдобриот стрелец на гостите одлично се снајде по еден корнер и со прецизен удар со глава го матираше Љорис.

Првиот гол на Тотенхем во „пост-Мурињо ерата“ беше дело на Бејл, играчот кој беше меѓу најоспоруваните од страна на португалскиот стратег.

Сон постигна гол за 2-1 што беше поништен со ВАР, но корејскиот ас сепак на крајот беше стрелец на победничкиот погодок, со прецизно изведен пенал во 90. минута.

Се вчитува...