На Тотенхем не му треба Кејн кога го има Сон

Тотенхем стигна до цел плен на незгодното гостување против Лестер дури и без помошта на Хари Кејн, откако Кореецот Сон ги предводеше „спарси“ до победа од 0-2.

Корејскиот интернационалец во самиот финиш од првото полувреме со прекрасен гол од дваесетина метри го доведе лондонскиот клуб во водство, за во вториот дел извонредно да го проигра Деле Али за конечните 0-2. Кејн влезе во игра во 74. минута на местото на Сон, добивајќи малку одмор пред клучниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.

Тотенхем со оваа победа се искачи на третото место на табелата со 36 бода, шест помалку од лидерот Ливерпул.

Се вчитува...