На УС опен ќе се игра на сопствена одговорност: Учесниците потпишуваат изјави дека се свесни оти може да умрат

УС Опен се соочува со сериозни проблеми со оглед дека голем дел од најславните имиња имаат дилеми или веќе го откажаа настапот на првиот грен-слем со кој конечно тенисот треба да се врати на големата сцена. Дополнителен проблем деновиве прави и информацијата дека на учесниците им биле давани за потпишување изјави во кои стои дека самите ја преземаат комплетната одговорност за ризиците кои постојат при настапот на турнирот.

„Доброволно ја прифаќам одговорноста за сите ризици (вклучувајќи и смрт) кои би можеле да ми се случат мене или на лица кои ќе бидат со мене во контакт и како резултат на моето присуство во официјалните простории, свесно или несвесно“ – стои во дел од текстот на изјавата што треба да ја потпишат тенисерите и тенисерките.

УС Опен ќе се одржи од 31. август до 13.септември и ќе биде под строги протоколи за заштита од коронавирусот. Учесниците нема да смеат да го напуштаат „балонот“, често ќе често бидат тестирани, ќе треба да ги намалат тимовите, нема да има деца кои ги додаваат топчињата и слични други рестрикции.

 

 

 

Се вчитува...