По скандалот за време на неодамнешното Ел Класико, гласините за заминувањето на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид се засилија и тој веќе знае каде сака да ја продолжи кариерата.
Бразилецот веќе беше во затегнати односи со Реал, поради фактот што не се согласи со предложените услови за продолжување на договорот, а конфликтот со Чаби Алонсо дополнително ги разгоре нештата.
Винисиус му се налути со вербална реакција кон Алонсо откако го извади од игра на дербито против Барселона. Бразилецот видливо лут дури отиде и во соблекувалната, а потоа се врати на клупата. Реал има огромни проблеми со него, а сега е сè поверојатно дека ќе има трансфер.
Иако има бројни „додворувачи“ од Саудиска Арабија, од каде што на Вини му испраќаат нереални понуди, Бразилецот нема намера да ја напушти Европа. Неговиот сон е да ја освои Златната топка и знае дека тоа не е реално ако ја напушти Европа.
Затоа, според странските медиуми, тој е подготвен да се пресели од Мадрид во еден од европските гиганти, а се наведува дека изборот на Бразилецот е ПСЖ. Вини Жуниор го претпочита ПСЖ, каде што многу го цени Луис Енрике. Левиот крилен напаѓач верува дека филозофијата на играта на шпанскиот тренер би ги истакнала неговите квалитети многу добро.
На „Паркот на принцовите“, Винисиус повторно би можел да стане главен столб откако сè повеќе луѓе веруваат дека тој паднал во сенка на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. А ПСЖ е сигурно еден од ретките клубови што можат да ги исполнат сите негови финансиски барања.
Двократниот освојувач на Лигата на шампионите веќе би можел да замине во Париз на лето, свесен дека повеќе не е толку ценет во Мадрид, а познато е дека и Ла Лига му е „одмилена“ по силните навреди на расистичка основа што ги доживува веќе подолго време.
Оваа сезона, тој постигна пет гола со четири асистенции во 10 натпревари во Ла Лига, а не постигна гол во првите три натпревари од Лигата на шампионите. Иако поранешниот играч на Фламенго моментално се смета за еден од клучните играчи во Реал, тој е целосно засенет од Килијан Мбапе и се чини дека тоа го фрустрира сè повеќе и повеќе, поради што е подготвен да си замине и затоа упорно одбива да потпише нов договор, додека неговиот сегашен е до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

