На Влаховиќ тешко му падна поразот од Реал: Ова не беше на нивото на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус загубија од Реал Мадрид со 1:0 во третото коло од Лигата на шампионите, со бледата игра на Душан Влаховиќ. Српскиот фудбалер истакна за италијанскиот „Скај Спорт“ дека неговиот тим не личи на неговото ниво.

Србинот се помалку добива шанси од првите 11 во Јувентус, а вчера ја доби таа прилика, но не успеа да ја искористи. И покрај добрата игра во првите 15 минути, сепак, Реал Мадрид доминираше во останатите 75, и на крајот славеше со единствениот гол на Белингем.

„Видов големи промени во споредба од натпреварот со Комо, како и во многу други мечеви сезонава. Разговарвме после тој пораз и се договоривме дека мораме да имаме ист менталитет на секој меч, без разлика на противникот. Мораме да имаме ист пристап. Не е можно толку голем клуб да има толку многу осцилации од натпревар во натпревар. Овој викенд не бевме на нивото на Јувентус. Настапот едноставно не беше на нивото на Јувентус. Си заминуваме од Мадрид со пораз, ама играта беше многу подобра од минатиот меч со Комо“, изјави Влаховиќ.

Се вчитува...