„На забава кај Роналдо дојде автобус со манекенки, а јас бев со сопругата…“

Поранешниот шпански репрезентативец Иван Елгера во време на карантин даде онлајн-интервју за ЕСПН во кое откри и неколку интересни случи од времето на „Галактикосите“. Тој се потсети на една роденденска забава на „феноменот“ Роналдо, од која морал предвреме да си замине бидејќи… дошол заедно со сопругата.

„Роналдо секогаш правеше најлуди забави. На еден од неговите родендени дојдов со својата сопруга, кога одеднаш пред куќата се паркираше автобус и од него почнаа да излегуваат манекенки. Сопругата реагираше и морав предвреме да си заминам, истото го стори и Фиго. Тоа беше луда прослава во куќата на Роналдо, онаа што подоцна му ја продаде на Рамос“, се присетува Елгера.

Тој откри и како фудбалерите во 2003 година застанале на страната на тренерот Висенте дел Боске, но и тоа не спречило овој стратег да добие отказ.

„Нешто се случи во клубот во 2003 година, по „киксот“ во Лигата на шампионите беше донесена одлука да биде избркан Дел Боске. Ние сакавме тренерот да остане, не ни се допаѓаше како се однесуваше Флорентино Перез и му го ставивме тоа до знаење. Во знак на протест тој не дојде со нас на прославата на шампионската титула, а неколку дена подоцна Дел Боске доби отказ“, открива Иван Елгера.

Се вчитува...