На Зидан му ’пукнал филмот’ од притисоците на Флорентино Перез: „Еве ти го тимот и тренирај си го сам!“

Францускиот стратег Зинедин Зидан си замина мирно и достоинствено од Реал Мадрид, истакнувајќи дека почувствувал како е дојдено времето за промени, за да може тимот и понатаму да продолжи да победува. До него беше и претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, кој му се заблагодари на Зидан за се што направи за клубот, за успесите и освоените трофеи. Но, вистината, како што откриваат шпанските и англиските медиуми, е малку поинаква.

Зидан и Перез имале огромен конфликт, два дена по освојувањето на 13.европска круна во Лигата на шампионите. На првиот состанок околу планирањето на тимот за следната сезона, на Зидан му ’пукнал филмот’. Не е тајна дека Флорентино Перез сака да им се меша на тренерите во работата и да им сугерира кој треба да игра, секако гледајќи го и профитот што ќе го има Реал Мадрид како клуб од тоа, а има огромна желба да носи и скапи засилувања, кои треба сензационално да бидат претставени во јавноста. Но, тука не се сложиле со Зинедин Зидан.

Французинот не сакал премногу да го менува тимот кој ја освои 13.европска титула, а Флорентино Перез инсистирал Реал Мадрид ова лето да купи најмалку две мегаѕвезди, Еден Азар и Давид Де Хеа. Исто така, му препорачал на Зидан многу повеќе да го користи и Герет Бејл, затоа што тој носи голем профит од маркетиншките права. Но, овојпат Зинедин Зидан не сакал да остане потчинет и му одбрусил на Перез.

„Еве ти го тимот, па тренирај си го сам“, му рекол Зидан на Перез, и одлучил да ја напушти клупата на Реал Мадрид.

Се вчитува...