На Зидан не му е предизвик Премиер – лигата

Зинедин Зидан нема намера да биде тренер на Манчестер јунајтед, ниту пак воопшто да работи во Премиер-лигата, објави неговиот агент, Ален Миљачо.

„Зинедин нема да работи во Премиер-лигата бидејќи англискиот фудбал се разликува од стилот на игра кој тој го форсира. Разговарав со него за тоа, но идејата за работа во Англија воопшто не го привлекува. Тој реши да се одмора една година и таа одлука нема да ја промени“ – изјави Миљачо по неколкудневните шпекулации во англиските медиуми дека Французинот ќе ја преземе позицијата на Жозе Мурињо.

Тој уште објасува дека долгорочно на Зидан многу повеќе му се допаѓа идејата за тренерското место во Јувентус.

„Што се однесува до можноста за одење во Јувентус, тоа е многу можно бидејќи клубот му е во срцето“ – вели агентот на Зидан.

Зинедин Зидан беше тренер на Реал Мадрид од јануари 2016 до завршувањето на минатата сезона кога пет дена по триумфот во Лигата на шампионите објави дека го напушта клубот.

 

Се вчитува...