На Зверев му одговараше прекинот, па со пресврт до трето коло на Вимблдон

Најдобриот германски тенисер Александар Зверев славеше против Американецот Тејлор Фриц на Вимблдон, во мечот кој вчера беше прекинат а денеска доби свое продолжение.

Пред прекинот Зверев губеше со 1-2 во сетови, но денеска стигна до комплетен пресврт славејќи на крајот со 3-2 (6-4,5-7,6-7,6-1,6-2). Зверев во третата рунда натпревари ќе се сретне со Ернест Гулбис.

Кевин Андерсон, осмиот светски тенисер, во три сета беше подобар од Филип Колшрајбер славејќи со 6-3,7-5,7-5.

Гаел Монфилс, по мал пресврт, славеше против Сем Квери со 5-7,6-4,6-4,6-2. Во осминафиналето на Вимблдон Монфилс ќе игра против Андерсон.

Се вчитува...