Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕП 2020!

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето на ракометното Европското првенство 2020.

Огромно признание за Начевски и Николов кои уште еднаш се наградени од ЕХФ за одличното судење во досегашниот тек од шампионатот. Најдобрите македонски судии досега имаат едно едно финале на големо натпреварување, но на Светското првенство за младинци.

Финалето на ЕП 2020 се игра в недела од 16 часот во Стокхолм.

Се вчитува...