Начевски и Николов ќе ја делат правдата на „Супер-глоуб“

Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на „Супер-глоуб“ кој од 5. до 9. септември ќе се одржи во Саудиска Арабија. По финалето на Летните олимписки игри во Токио меѓу Франција и Данска кое го отсудеа на врвно ниво, едни од најдобрите светски судии очекувано ја добија довербата и за светското ракометно клупско првенство.

Годинава на Супер-глоуб покрај европскиот шампион Барселона ќе играат и данскиот Алборг, германскиот Магдебург, Ал-Вехда и Ал-Нор од Саудиска Арабија, Сан Франциско од САД, Ал-Духаил од Катар, Сиднеј од Австралија, Пињеирос од Бразил, а се уште се очекува да се види кој ќе биде претставник од Африка.

Се вчитува...