Начевски и Николов ќе му судат на Парондо во четвртфиналето на ОИ во Токио

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно се номинирани за ракометните дуели на ОИ во Токио, откако нашите арбитри беа избрани за утрешниот четвртфинален дуел меѓу Египет и Германија.

Роберто Гарсија Парондо бележи одлични резултати како предводник на „фараоните“, на патот до олимписки медал му стои силниот германски состав, па нема сомнеж дека Начевски и Николов ќе имаат полни раце работа ако се земе во предвид цврстата одбрана на која инсистираат двете репрезентации.

Македонците досега судеа неколку дерби-дуели во Токио и секогаш беа на висина на задачата, а доколку ја продолжат серијата беспрекорни арбитражи и на утрешното четвртфинале, нема сомнеж дека тие потоа ќе бидат дел и од самата заавршница и битката за медали на овие Олимписки Игри.

Се вчитува...