Начо: Македонија ќе сака победа и ќе биде агресивна, а тоа ќе отвори простор и за нас

Отворен натпревар, агресивна Македонија, но и повеќе простор за Израел. Таков дуел очекува утревечер на арената „Тодор Проески“, израелскиот репрезентативец Бибран Начо.

„Мислам дека ова ќе биде сосема поинаков натпревар од првиот во Израел. Тогаш Македонија постигна гол и бранеше бод. Сега ќе сакаат да победат, верувам дека ќе бидат многу поагресивни, но тоа ќе отвори и многу повеќе простор за нас. Нашата цел е да победиме утре“, истакна капитенот на израелскиот национален тим, Бибрас Начо.

Израелците имаат 11 бода по девет натпревари во квалификацискиот циклус, идентично како и Македонија.

 

Се вчитува...