Надал „брка“ десетта титула на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал подготвено го очекува почетокот на парискиот гранслем на кој ќе се обиде да ја освои јубилејната десетта титула. Надал во првото коло ќе игра против Французинот Беноа Пер, а во полуфиналето на Ролан Гарос би можел да се сретне со ланскиот победник, Новак Ѓоковиќ.

По освојувањето на десетите титула во Монте Карло и во Барселона и петата во Мадрид, Рафаел Надал ќе се обиде да ја продолжи совршената сезона со уште еден јубилеј во Париз.

„Овде се чувствувам како дома. Имам одличен однос со сите овие луѓе овде. Секогаш е добро чувството кога се враќам на овие терени во Париз“ – истанува шпанскиот тенисер.

Минатата сезона поради повреда не успеа да го освои омилениот трофеј во Париз, но сезонава Надал се врати во препознатливата форма и го забележа најдобриот старт на сезоната на земјени терени во последните седум години.

„Работев напорно цел месец, поминав многу часови на терен и вежбав се што можев да замислам, што долго не ми се случило. Моето тело не ми дозволува секогаш да тренирам на тој начин. Ми помогна тоа што тренирав колку што сакав бидејќи бев доволно здрав и физички подготвен“ – вели Рафаел Надал.

Се вчитува...