Шпанскиот тенисер Рафаел Надал предизвика бура во јавноста со интервјуто за „Movistar“ каде говореше на повеќе теми, а една од нив беше и ривалството со Новак Ѓоковиќ.
Надал во 2022 година со триумфот на грен-слемовите во Австралија и Ролан Гарос стигна до 22. голема титула во кариерата и беше пред Србинот на вечната листа, но потоа повредите го спречија да се натпреварува на највисоко ниво.
Шпанецот верува дека доколку не се случеа повредите кои го оддалечија од грен-слемовите ситуацијата сега би била различна.
„Бев еден од најнеактивните играчи претходните години. Пропуштив и четири и пол години слемови. Тоа е суштината на спортот. Ѓоковиќ беше успешен поради тоа, имаше подобра физичка подготовка и тоа му овозможи да игра повеќе од мене“ – изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА