Надал: Дејвис Купот не му припаѓа на Пике!

Од наредната година тенискиот Дејвис Куп го менува форматот и системот на натпреварување, а завршниот турнир ќе се игра во Мадрид на крајот од ноември.

Многумина беа против ваквите промени, но на крај финансискиот интерес и моќта на групацијата „Космос“ која е финансиер и партнер на ова натпреварување, сепак беше пресудна.

А, бидејќи еден од основачите на компанијата Космос е фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, и Дејвис Купот неформално стана „Купот на Пике“.

Рафаел Надал јавно кажа дека не се согласува со некои оценки.

Треба да престанат ова натпреварување да го нарекуваат „Купот на Пике“. Тоа воопшто не му помага на ова прекрасно натпреварување. Познато е дека со Пике имам добар однос и секогаш кога разговараме тоа е во пријателски тон. Дадов свој придонес во сето ова. По мое мислење ова и понатаму е ИТФ Дејвис Куп и треба да му бидеме благодарни на Пике и на „Космос“ што сакаат да вложуваат во нашиот спорт“ – истакна Надал.

Најдобриот шпански тенисер исто така нагласува дека тој ги поддржува промените, посебно во ситуација кога е евидентно дека работите не функционираат како што треба.

Секоја промена е тешка, некои работи поминуваат, други не. Јас лично сум поборник за промени. Евидентно е дека некои работи не функционираа како што треба. Треба да пробаме нешто ново и секако ќе има време некои работи да се корегираат во од. Се надевам дека Дејвис Купот и понатаму ќе биде едно од најважните тениски натпреварувања“ – порача Рафаел Надал.

Се вчитува...