Надал демантира дека ќе игра во Монте Карло

Само неколку дена по објавувањето на Мастерсот во Монте Карло дека ќе игра Рафаел Надал, од Мајорка доаѓа демант.

Надал последниот турнир го одигра во Мелбурн, кога во средината на јануари беше елиминиран во второто коло од Американецот Мекдоналд. Оттогаш се опоравува од повредите.

„Се уште не можам да потврдам дека ќе бидам во Монте Карло. Воопшто не ми е јасно од каде е информацијата дека ќе одам во Монако. Да е вистина би потврдил, но за жал не е“, изјави Надал.

Ако го прескокне Монте Карло, следна цел е турнирот во Барселона кој ќе почне една недела подоцна. Доколку не биде подготвен ниту за овој турнир, следуваат мастерсите во Мадрид и Рим.

Се вчитува...