Надал донесе одлука – ќе игра на Австралија опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде дел од новото издание на Австралија опен, потврди неговиот менаџер Бенито Перес Барбадилјо. На првиот гранслем во сезоната, Шпанецот ќе учествува по 15. пат,а Надал единствената титула во Мелбурн ја освои во 2009 година.

„Рафа потврди дека ќе патува во Мелбурн и дека ќе игра на Австралија опен“, изјави Барбадилјо. 

Тој ќе се обиде во 2021 година да стане единствениот тенисер во историјата кој по два пати освојувал титули на сите гранслем турнири, а доколку успее во тој подвиг ќе стигне до 21. титула од најголемите турнири, бројка со која ќе го остави зад себе и големиот ривал Роџер Федерер.

Се вчитува...