Надал е владетел на Париз: Го растури Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Рафаел Надал ја освои 13. титула на Ролан Гарос триумфирајќи во финалето на годинашното издание на грен-слемот убедливо над големиот ривал Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови. За Шпанецот ова е 20. грен-слем титула во кариерата и се израмнува со Роџер Федерер според бројот на трофеи од најголемите турнири. За Надал ова беше јубилејна 100. победа на Ролан Гарос.

Надал беше доминантен во мечот, воведниот сет го освои со 6-0. Во вториот сет Ѓоковиќ успеа да освои два гема, а најконкурентен беше во третиот сет во кој осови пет гема, но сепак на успеа да ја спречи победата на Надал во три сета.

Надал во финале на грен – слем турнир над Ѓоковиќ чекаше од 2014 година кого исто на Ролан Гарос го победи Србинот и поведе во меѓусебните финални пресметки на грен-слем турнирите со 5-4.

 

 

 

 

Се вчитува...