„Надал е ѕвер, а Ѓоковиќ е огромен плачко!“ (ВИДЕО)

Една од најубавите девојки во светот на женскиот тенис, Канаѓанката Ежени Бушар, која по огромниот пад на ВТА-листата заради повредата на рамото, реши да стане стјуардеса, се уште е интересна за медиумите со своите размислувања за „белиот спорт“.

Ежени неодамна беше снимена во предизвик, па требаше да го каже првото нешто што ќе ѝ падне на памет кога ќе слушне некоја тема. Кога ѝбеше споменат Рафаел Надал, кажа нешто што ги израдува навивачите на Шпанецот, ама, пак, потоа ги разлути фановите на Новак Ѓоковиќ.

Бушар за Надал одговори дека е „ѕвер“, додека одговорот за Ѓоковиќ е дека е „плачко“.

 

 

 

 

Се вчитува...