Надал: Единственото нешто што е добро е тоа што помалку ме боли стапалото

Рафаел Надал за прв пат по поразот од Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос се врати на терените и настапи на АТП турнирот во Вашингтон каде повторно не се прослави. Шпанскиот ас се намачи во второто коло, а потоа беше и елиминиран во осминафиналето од страна на Лојд Џорџ Харис со 2-1.

По мечот Надал не го криеше незадоволството од прикажаното на турнирот и вели дека единственото нешто што е добро за него е тоа што полека се опоравува од повредата на стапалото.

„Најпозитивната работа е тоа што стапалото денеска ми е подобро од вчера. Тоа се најдобрите можни вести. Денеска играв против играч кој играше многу добро“, краток беше Надал.

Се вчитува...