Надал: Едвај чекам повторно да ја почувствувам таа нервоза, тоа возбудување, ставот и сомнежот…

Рафаел Надал по 347 дена откако го одигра последниот натпревар и претрпе пораз во второто коло од Австралија Опен повторно ќе се врати на теренот и ќе заигра на официјален натпревар на турнирот во Бризбејн, а потоа и во Мелбурн на почетокот на новата година.

Шпанецот не ја крие возбудвата од камбекот на теренот, но нагласи дека не поставува цели од минатото, туку ќе се обиде да ужива на теренот.

„Избегнував и избегнувам да давам било какви прогнози во врска со моето враќање бидејќи сепак се работи за година помината надвор од теренот и операција на кук, но тоа што најмногу ме загрижува не e кукот, туку како ќе изгледа се останато. Мислам дека добро се подготвив и се надевам дека работите ќе започнат позитивно и ќе имам шанса одново да уживам на теренот.

Долго траеше се ова и нестрплив сум повторно да ја почувствувам таа нервоза, тоа возбудување, ставот и сомнежот… Ќе се потрудам да не очекувам ништо. Се надевам дека ќе успеам да поставам пред себе предизвици какви што поставував во текот на целата кариера. За мене ова е нешто ново, нешто неистражено. Целиот живот се мотивирав да ја преминам границата и се надевам дека повеќе не сум во состојба да го правам тоа.

Морам да ги прифатам работите такви какви што се и знам дека ќе биде тешко на почеток. Морам себе си да си дадам неопходно време и да не си замерувам на почетокот бидејќи постои реална можност тоа да се случи“, вели Надал.

Се вчитува...