Надал експресно до осминфиналето во Мадрид

Рафаел Надал со убедлива победа го стартуваше АТП мастерс 1000 турнирот во Мадрид. Тој во второто коло славеше над младиот сонародник Карлос Алкараз со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2.

Во осминафиналето Надал ќе игра со подобриот од мечот меѓу Јаник Синер и Алексеј Попирин. Во осминфиналето се пласираа и Данил Медведев кој беше подобар од Давидович Фокина, како и Александар Зверев кој го елиминираше Кеј Нишикори.

Се вчитува...