Надал експресно преку Тиафо, следен е Циципас

Рафаел Надал го продолжи својот поход во Мелбурн откако шпанскиот ас со импресивен настап го совлада Американецот Тиафо со 3-0 во сетови и се пласираше во полуфиналето од Австралија опен.

Шпанскиот ас не дозволи во ниту еден момент победата да му биде доведена во прашање, доминирајќи од првиот до последниот момент од овој четвртфинален дуел. Првиот сет Надал го доби со 6-3, а потоа продолжи со импресивна игра славејќи во следните два сета со 6-4, 6-2, за свое 30. полуфинале на гранслем турнирите во кариерата.

Рафаел Надал во полуфиналната пресметка ќе се сретне со Циципас, кој веќе приреди една сензација на овој турнир со елиминацијата на Роџер Федерер.

Се вчитува...