Надал лесно го реши Посписил, Вердаско го исфрли Мареј

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обезбеди пласман во третото коло на УС Опен по лесната победа против Канаѓанецот Васек Посписил со 3-0 по сетови.

Надал беше голем фаворит во овој дуел и тоа без проблем го оправда и на терен. Бранителот на титулата од лани првиот сет го доби со 6-3, а потоа рутински славеше и во наредните два со 6-4, 6-2.

Во следното коло на УС Опен, Надал го очекува дуелот со Русинот Карен Качанов.

Покрај Надал, пласман во следната рунда обезбеди и Хуан Мартин дел Потро кој бепе подобар од Денис Кудл со 3-0, а во продолжението го очекува дуелот со Фернандо Вердаско. Шпанецот во втората рунда го исфрли Енди Мареј после голема борба во четири сета со 7-5, 2-6, 6-4, 6-4.

На женскиот дел од гранслем турнирот во Њујорк, Серена Вилијамс лесно се справи со германката Карина Витхофт со 6-2, 6-2 и во следната рудна ја очекува сестринскиот дуел со Венус Вилијамс.

Изненадување доживеа Шпанката Гарбине Мугуруза која беше елиминирана од чешката тенисерка Каролина Мучова која е дури на 202 место на ВТА листата. Мучова славеше победа со 3-6, 6-4, 6-4.

Во следната рунда Мучова за противничка ја има Ешли Барти која пак беше поуспешна од Луси Сафарова со 7-5, 6-3.

Се вчитува...